• +00 (123) 456 7890
  • info@nikolakljusev.org.mk
  • Пребарување:

БИОГРАФСКА ХРОНОЛОГИЈА

Никола Кљусев роден во град Штип. Во родниот град завршува основно и средно образование. Во неполнолетни години (1942-45) бил учесник во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија. 1947 година заминува на студии на Економски факултет во Белград. Поради затворањето и поминатиот период на Голи Оток е исклучен две години од Универзитетот. Дипломира на Економски факултет во Белград 10 јули 1953 година.

1953 година се вработува во Институтот за научно истражување во индустријата на Македонија, Скопје како стручен, а потоа виш стручен соработник, работејќи на инвестицио-развојната проблематика, која ќе стане негова животна научна преокупација, на која ќе ги добие сите научни степени, заклучно со докторат на Белградскиот универзитет и сите научни звања се до редовен професор на Економски факултет во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите.. 1961-1968 година преминува во Економски институт, Скопје, каде после докторирањето 1964 година добива звање Виш научен соработник. Во Институтот објавува пет книги и работи на повеќе проекти. 1968 година е избран за вонреден, а 1972 година за редовен професор на Економскиот факултет во Скопје.

На факултетот воведува за прв пат две научни дисциплини, и тоа: “Теорија и политика на стопанскиот развој” и “Инвестиции – теорија, политика, економика-оценување и избор”. За двата предмета објавил учебници користени на сите Универзитети во поранешна Југославија. Од 1965 до денес предава на четири постдипломски студии, и тоа на : ”Монетарно-кредитни проблеми”, дисциплините: “Финансирање на инвестициите” и “Теорија и политика на инвестициите”. “Економика на претпријатијата”, дисциплината “Теорија и економика на инвестициите”. “Економски развој и методи на економската анализа”, овој постдипломски студиј го организирал и раководел се до пензионирањето, 1988 година на кој ги предавал дисциплините: “Теорија и модели на економскиот развој”, “Стратегија на економскиот развој”, “Технички прогрес и економски развој” и “Инвестиции и економски развој”.

Проф. Д-р Никола Кљусев бил ментор на десетици магистерски и докторски дисертации. Работел и раководел голем број домашни и меѓународни проекти. Бил на специјализација и студиски престој во Соединетите американски држави (Фордова фондација на Универзитетите “Колумбија” во Њујорк и “Беркли” во Сан Франциско); во Велика Британија (на Универзитетот ‡ “Сасекс” во Брајтон и Лондонската економска школа; во Академијата на науките на поранешниот Советски Сојуз, во Москва и Академијата на науките во Полска – Варшава; во Меѓународната банка за обнова и развој во Вашингтон и др.) Објавил повеќе научни книги, монографии, и стотина статии, написи и сл. Учествувал на меѓународни конгреси на економистите во Монтреал, Мадрид и Будимпешта. Во рамките на меѓународниот проект “Инструменти на научно технолошката политика” учествувал во Барбадос, Бразил, Венецуела, Мексико, Египет, Индија, Кореја, Јапонија, Англија.

1985-1987 е избран за декан на Економскиот факултет во Скопје. 1988 година е избран за член на МАНУ. 1991-1992 е Претседател на првата демократска Влада на Р. Македонија. 1994 година е претседател на Националната Конвенција на Македонија. 1997 година е претседател на Советот на ВМРО-ДПМНЕ. 2000 година министер за одбрана во Владата на Р. Македонија. 2002 година избран за раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. За својата научна активност носител е на Орденот со Златен венец и на наградите “13 Ноември” и за животно дело највисоката републичка награда “11 Октомври” и на голем број пофалници и признанија од земјата и странство. Од областа на литературното творештво објавил поезија, есеи, проза и тоа: Поезија: Антитеза, Македонска книга, Скопје, 1994. Камен Остров, Матица македонска, Скопје, 1994. Силата на зборот, Македонска книга, Скопје, 1994. Gràuntele de aur / selectie si postfata de Dumitru M. Jon; traducere : Dumitru M. Jon, Carolina Ilica, Bucuresti : Orient, Occident, 1985. Ода на зборот, Матица македонска, Скопје, 1994. Неизртено семе, Матица македонска, Скопје, 1996. Речник на срцето, НАМ, Феникс, Скопје, 2001. Ла Семенце д’ор, НАМ, Скопје, 2003. Hayat Cesilemeleri, Анкара, ОЦАК, 2005, Турција. Испраќам сончев зрак, НАМ, Скопје 2006. Есеи: Погледи и промени, Матица македонска, Скопје, 1994. Верба и измама (есеи), (Предизвици; книга 1), Матица македонска, Скопје, 1997, НАМ, ВТОРО ИЗДАНИЕ, сКОПЈЕ 2005. Бессони ноќи, (Предизвици; книга 2), Матица македонска, Скопје, 1998. Видување, (Предизвици; книга 3), Матица македонска, Скопје, 2000. Проза: Ленман (Хроника на една младост), роман , НАМ, Скопје, 2003. Ленман (Хроника на една младост), роман , НАМ, Скопје, 2005 (второ издание). Погледи и промени, Матица македонска, Скопје, 1994. Верба и измама (есеи), (Предизвици; книга 1), Матица македонска, Скопје, 1997, НАМ, ВТОРО ИЗДАНИЕ, сКОПЈЕ 2005. Бессони ноќи, (Предизвици; книга 2), Матица македонска, Скопје, 1998. Видување, (Предизвици; книга 3), Матица македонска, Скопје, 2000. Неговиот животен опус се избраните дела во 6 тома: Теорија и политика на економскиот развој. Инвестиции : теорија – политика – економика. Проблеми на стопанскиот развој. Инвестиционо-развојни проблеми. Патот на македонската независност. Златно зрно, Во издание на „Матица македонска”, Скопје, 2001.

избрани Дела:

    Неговиот животен опус се избраните дела во 6 тома:
  • Теорија и политика на економскиот развој.
  • Инвестиции : теорија – политика – економика.
  • Проблеми на стопанскиот развој.
  • Инвестиционо-развојни проблеми.
  • Патот на македонската независност.
  • Златно зрно, Во издание на „Матица македонска”, Скопје, 2001.