Визија на Фондацијата
Нација на едуцирани, инспирирани, поврзани луѓе. Фондацијата „Никола Кљусев“ го одбележува животот и работата на академикот, политичар, универзитетски професор, поет и прв премиер на независна Република Македонија.
Меморијалниот центар е основан во 2008 година и придонесува за подобро разбирање на македонската историја во периодот по прогласувањето на независноста.
Со чествувањето на делото на Никола Кљусев и неговото значење за независноста на Република Македонија Фондацијата исто така придонесува за инспирирање и поттикнување на помладите генерации да го следат патот на демократијата и слободата, разбирањето и мирот, правдата, солидарноста и општествената одговорност.