• +00 (123) 456 7890
  • info@nikolakljusev.org.mk
  • Пребарување:

За НАС

Мисија

Нашата мисија е да понудиме унапредување и промовирање на образованието, доживотно учење и неформално образование меѓу граѓаните од сите возрасти во Македонија, да инспирираме чувство на соживот меѓу граѓаните, да поттикнуваме свест за културните вредности и активно да го ангажираме секој граѓанин на нашето општество во значајни активности кои промовираат унапредување на секојдневниот живот.

 

Визија
Нација на едуцирани, инспирирани, поврзани луѓе.
Фондацијата „Никола Кљусев“ го одбележува животот и работата на академикот, политичар, универзитетски професор, поет и прв премиер на независна Република Македонија.

Меморијалниот центар е основан во 2008 година и придонесува за подобро разбирање на македонската историја во периодот по прогласувањето на независноста. Со чествувањето на делото на Никола Кљусев и неговото значење за независноста на Република Македонија Фондацијата исто така придонесува за инспирирање и поттикнување на помладите генерации да го следат патот на демократијата и слободата, разбирањето и мирот, правдата, солидарноста и општествената одговорност.

Едицијата „Патот кон независноста“ вклучува мноштво текстови, есеи и прегледи со импресивни оригинални сведоштва од тој период. Тие придонесуваат кон подобро разбирање за создавањето на македонската независност.

Фондацијата, исто така, ја исполнува својата образовна мисија со различни настани и формати за промоција на идеи, стручни дискусии и размена на мислења.

Фондацијата организира работилници и конференции и соработува со истражувачи и институти во земјата и странство. Познати личности од политиката, науката, економијата или културата одржуваат говори за општествени и политички теми.

Со цел промовирање на културните вредности, Фондацијата поседува библиотека со целиот библиотечен фонд што го поседувал академик Никола Кљусев. Библиотеката исто така содржи прозни и поетски дела напишани од Никола Кљусев, како и други реномирани македонски и светски писатели. Библиотеката е отворена за јавноста.

Покрај тоа, Фондацијата редовно е домаќин на голем број други настани: презентации на книги, семинари, предавања, работилници и изложби.